ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Груби на Електра Солушн на скандалозен начин и обезбедиле тендер за надзор на изградбата на коридорите- смрди на матна зделка

Ако е сомнителен бонитетот на компанијата ЕПТИСА за надзор на изградбата на коридорите, тогаш втората партнерска компанија од конзорциумот е уште повеќе сомнителна, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Дел од скандалозниот тендер од 22 милиони евра за надзор на изградбата на коридорите 8  и 10 е и компанијата Електра Солушнс на Андон Ампов. Оваа компанија лиценцата за вршење на должноста ја добила на 03.10.2022 година, само 3 недели по распишувањето на јавниот повик за избор на надзор. Тоа само покажува дека оваа компанија нема никакво искуство, а добива толку голем тендер. Ковачевски и Груби кумувале на овој скандалозен тендер за Електра Солушн.

Имајќи во предвид дека рокот на тендерот е продолжуван логично се поставува прашањето дали тоа е направено со цел да се формира конзорциумот во кој влегуваат двете сомнителни компании, ЕПТИСА И Електра Солушн.

Патем Елекстра Солушн на Андон Ампов го “наследува“ вносниот бизнис од  Институтот за патишта од Велес на неговиот татко Сотир Ампов, кој прв го доби надзорот, па беше поништен заради наводна поврзаност со руски капитал. Останува енигмата зошто толку запнала владата да го ангажира семејството Ампови во проектот за коридорите вреден 1 милијарда евра.

Овде не мириса, туку смрди на матна зделка.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ