Мицкоски за Фокус: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

0
461

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше присутен во штабот на Фидес на Виктор Орбан, во Будимпешта, каде ги чекаше изборните резултати, а по прогласување на победа на Орбан, тој објави селфи со унгарскиот премиер, честитајќи му ја победата, објави Фокус.

Околу тоа, како се случи Мицкоски и Николоски да заминат во Будимпешта, како поддршка на Орбан додека се чекаа резултатите од парламентарните избори во Унгарија, Мицкоски за „Фокус“ вели дека поканата да биде таму му претставувала голема чест.

За обвинувањата од страна на СДСМ, дека отишол во Будимпешта по нови насоки и задачи од Никола Груевски, појаснува дека не се сретнал со него.