Во општина Охрид функционира комисија за унапредување на правата на пациентите

Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот на здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.

Барањата се поднесуваат во соодветен формулар пополнет лично од пациентот чие право е повредно или од член на потесното семејство на пациенот чие право е повредно, а се доставуваат преку Архивата на општина Охрид

Поднесените барања се разгледуваат од страна на Комисијата и се проследуваат до соодветни надлежни органи и институции, а врз основа на Законот за заштита на правата на пациентите, а и инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон врши Државниот санитарен здравствен инспекторат согласно закон.

Граѓаните кои имаат потреба може да се обратат на телефоните (046) 262492 / (046) 262493  /  локал 198 или на електронската адреса  pravanapacienti@ohrid.gov.mk. Формуларот Барање е достапен на следниот линк: https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8/