Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што ќе го вети, тоа и ќе го сработи, рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски на дебатата Инфраструктурна платформа за иднина на тема Концепт за инвестиции во инфраструктурата која викендот се одржа во Кичево.
Видеото „Стани Благоја, да те види сала“ заврши со една наредба која што требаше да биде реалност, а тоа е да автопатот Кичево – Охрид биде завршен во јануари 2024-тата година. Сега сме веќе втора половина на февруари месец, а од автопатот нема ниту „А“. И е невозможно да има крај на тој проект во јануари 2024-та година. зошто? Затоа што во овој момент кога ќе направите детална анализа и пресек до каде се градежните активности ќе заклучите дека тој е некаде 70-тина проценти завршен од тоа што треба да биде 100%. Значи имаме некаде од прилика 30-тина проценти. И ние детално подготвувајќи се за оваа трибина, анализирајќи ја состојбата во која што денеска се наоѓа оваа патна делница истовремено имајќи јасен приказ со што располагаме како градежен капацитет можеме да излеземе со ветување кое што ќе биде дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека целосната делница ќе биде завршена и пуштена во употреба втората половина или би рекол крајот на 2026-тата година, вети Мицкоски.