Полиција го „чешла“ Олимпискиот комитет на Македонија?!

Припадници на МВР по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет, поради сомневања за злоупотреби, дознава „НетПрес“.

Според првичните неофицијални информации на порталот покрената е полициска истрага за злоупотреба на службена должност за неколку лица за работењето на МОК, како и за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на ново раководство во оваа организација.

извор: „НетПрес“.