Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија.
Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз, објави press24.mk.
Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации.
Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.
Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално магистрира Меѓународно право на истиот универзитет.
Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава.
Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката.
Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки.
Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.