Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза.
„Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме Денот на туристички водичи“, стои во соопштението.
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници ќе организира бесплатно разгледување и на Охрид и Битола.
kajgana.mk