На денешен ден терористи од УЧК го минираа мотелот во Челопек и го разнесоа со чуварите врзани на столб

Во 2001 година

 албанските терористи со експлозив го кренале во воздух и целосно го уништиле мотелот „Бриони“, лоциран покрај реката Вардар, во близина на селото Челопек, Тетовско.

Притоа, од експлозијата животот го загубиле (беа најдени врзани со динамит околу телата) двајцата чувари на објектот –  Боге Илиевски и Свете Трајчевски.

Илиевски и Трајчевски беа убиени на 26 август 2001-та година од се уште непознати сторители кои со динамит ги врзале двајцата за потпорните столбови и ги кренале во воздух со мотелот Бриони кај Челопек.

Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи.

 

denesen.mk