Документот што МВР го добило од македонската постојана мисија во Европската унија, на кој се повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според тоа што министерот го прочита во емисијата „Стадион“, навистина потврдува дека ниедна друга земја освен Грција нема известено дека нема да дозволи влез на наши граѓани со пасоши со старото уставно име. Ова го оспори актуелниот министер за надорешни работи, Бујар Османи.
Од друга страна, Тошковски тврди дека кочницата е кај македонската власт, која со Законот за патни исправи ја ограничила важноста на пасошите во 12 феврари. Пред слушателите на Канал 77, Тошковски читаше делови од писмото кое стигнало до МВР на 19 февруари од писмото од постојаната мисија на Македонија при ЕУ во Брисел.
„Земјите членки изразуваат разбирање за прашањата и волја за надминување на пробемот преку изнаоѓање на законско решение во најкус можен рок…DG Nome,тоа е главен директорат во ЕУ, повтори дека одржа состанок на Комитетот за патни документи било покажано разбирање и флексибилност во однос на техничката природа на прашањата. Со оглед на тоа дека само Грција извести дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата. Во принцип, тоа значи дека граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во другите земји членки, но конечната одлука за прифаќање на старите пасоши е на самата земја членка и тоа може да го направи без навремено да ја информира ЕУ“. (цитат од документот).
При тоа, Тошковски додаде:
„Граѓаните треба да ги знаат фактите и кој им ги прави маките. Овој проблем може да се реши со технички и други параметри, како зголемување на луѓе, базни станици, принтање… но, пречката што се појави со 12 февруари не е согласно договорот, туку согласност Законот за патни исправи“, кажа Тошковски.
Поради тоа, како што рече дека е инсистирањето да се смени Законот за патни изправи и така да се реши хаосот со пасошите. Според Тошковски, покрај Грција уште Босна и Херцеговина има известено дека нема да дозовли влез на македонски граѓани, кои немаат нови пасоши со уставното име.