Делчев: Непристоен беше Џафери во СВР Тетово, подалеку политиката од полицијата

0
179

Претседателот на Незавсиниот полициски синдикат, Гоце Делчев упати силна осуда кон техничкиот премиер Талат Џафери поради неговото, како што рече, некултурно и непристојно однесување при разговорот со вработени во СВР Тетово и фактот дека тоа го снимаше. „Подалеку политиката од полицијата, ако сакаат да се сниаат, политичарите можеа тоа да го сторат пред предизборието пред полициските станици каде се вадат лични документи и каде граѓани чекаа редици“, рече Делчев.

Делчев наглси дека политичките кампањи и собирањето предизборни поени политичарите можат да го организираат надвор од институциите и побара работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, објави mkd.mk.

Тој рече дека не му брани никој на техничкиот премиер да влегува во институцици, но нагласи дека таму не треба да се води политика.

За критиките кон вработените Делчев рече дека секако дека има пропусти кај поединци вработени во полицијата, но дека тоа се проверува по институционален пат.

Тој побара министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

“Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада“, рече Делчев.

Техничкиот премиер Џафери вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а од видеото што беше пласирно се гледа како тој со строг глас ги прекорува вработените во една од канцелариите, бара информации за нивното присуство во таа канцеларија, им се обраќа на ТИ, а на крајот бара тие што не работат во таа канцеларија да ја напуштат.

Потоа, во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа и најави дека неговите ненајавени посети на државни институции ќе продолжат и во наредниот период.

Инаку, познато е дека техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски повеќепати реагира дека Џафери не му дозволува да назначи друг началник на СВР Тетово.

извор: mkd.mk