Од чанта во воз во Париз украдени плановите за обезбедување на Олимписките игри

0
146

Од воз на париската железничка станица Гаре ду Норд е украдена торба со компјутер и два УСБ-стикови со полициските планови за обезбедувањето на Олимпијадата во Париз.

Чантата му припаѓа на инженер вработен во Градското собрание на Париз. Овој 56-годишник и објаснил на полицијата дека завчераутро ја ставил торбата во багажниот простор над седиштето во возот.

Исчезнувањето на вредната торба го открил кога поради доцнењето сакал да се префрли во друг воз.

Истрагата ја води сообраќајната полиција, на која инженерот и потврдил дека во чантата го носел својот работен компјутер и два УСБ со чувствителни податоци, т.е. плановите за обезбедување на Летните олимписки игри во Париз, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Париз ќе мобилизира околу 2.000 агенти за обезбедување на Олимпијадата, со вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили кои ќе бидат на должност секој ден.

извор: Република