Епицентарот на земјотресот со јачина од 3,3 степени според Рихтер бил во Босна и Херцеговина, според податоците на ЕМСЦ, на длабочина од 10 километри, 18 километри северозападно од Билеќа.
На југот на Хрватска, во поголемиот дел од Дубровничко-неретванската жупанија, умерен земјотрес е почувствуван ноќта од петок кон сабота во еден часот по полноќ.
Во апликацијата EMSC се јавуваат Хрватите кои го почувствувале земјотресот.
– Се лулаше! Не разбуди – напиша жител на Дубровник.
Да потсетиме, вчера имаше земјотрес и на север, но земјотресот беше нешто помал по магнитуда.
Околината на Загреб во петокот беше погодена од три помали земјотреси. Најсилниот бил со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала, а најслабиот 1,3 степени според Рихтеровата скала, објавено е на официјалната веб-страница на ЕМСЦ.
telegraf.rs