Стево Пендаровски пред 5-6 години на граѓаните им ветуваше живот, напредок и подобар стандард. Поразителниот резултат од неговата работа е неговото признание дека ако не бил бил на функцијата претседател на Македонија би ја напуштил и би се отсели.
Тоа во исто време е и срамно и жално, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата додаваат:
Срамно е тоа што единствено нешто што го врзува за Македонија е фотелјата, а жално е што толку години во политиката и на функции не овозможил подобри животни услови за сите граѓани во Македонија.
Стево Пендаровски додека зема функционерска плата ништо не направи за намалување на сиромаштијата која достигна 600 илјади граѓани. Ништо не направи младите да најдат иднина во својата татковина. Ништо не направи на полето на економијата, на полето на образованието или било кое друго поле од системот кој е во целосно тонење.
Граѓаните се селат затоа што не функционира државата заради кадри како Стево Пендаровски.
Пендаровски го згази достоинството на Македонија и на народот. Тој го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет.
извор: ВМРО ДПМНЕ