Украден споменикот на Брус Ли во Мостар

Статуата на познатиот мајстор за боречки вештини Брус Ли исчезна од паркот Зрињевац во Мостар.

Во паркот Зрињевац во ноември 2005 година беше поставен споменик на херојот на многу среќни детства, истрајниот кунг-фу мајстор – Брус Ли, човек кој не е ниту Хрват, ниту Бошњак, ниту Србин. Идејата ја роди дуото тогаш собрани околу Урбаното движење Мостар.

Станува збор за Нина Распудиќ и Веселин Гатал. Првата ноќ откако беше инсталиран, нунчаките исчезнаа а сега и целата статуа.