Заврши Дипломатскиот форум во Анталија: Се разговараше за бројни теми, меѓу кои и за Балканот

Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ), кој годинава се одржа по трет пат, на кој присуствуваа околу 4.700 учесници од 148 држави, заврши денес, јавува Анадолу.

АДФ 2024 се одржа во Конгресниот центар НЕСТ во туристичката област Белек.

Форумот, по три интензивни дена заврши со панели за актуелните глобални прашања.

Главната тема на овогодинешниот АДФ беше „Истакнување на дипломатијата во прв план во време на кризи.“

Голем број политичари и експерти во текот на трите дена расправаа за голем број теми, вклучително и за климатските промени, миграциите, антиисламизам, трговските војни и вештачката интелигенција.

Инаугуративниот АДФ во 2021 година собра речиси 2.000 учесници. На вториот АДФ одржан во 2022 година имаше 30 панели, а на овогодинешниот дури 52 панели.

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и британскиот специјален претставник за Балканот говореа на панелот за прашања поврзани со Балканот.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.