Албанскиот премиер Еди Рама објави уште еден проект кој што се гради во Албанија. Имено на автопат во северниот дел на земјата се гради мост кој го преминува вештачкото езеро изградено кај реката Дрим во непосредна близина на градот Кукс.
-Последните моменти од долготрајната работа за изградба на големо јавно дело како Новиот мост на Кукс, кој не само што решава стар јазол што ги поврзува двете страни на езерото со националниот пат, носи и прекрасен знак значаен во смисла. на инженерството и естетиката, за сите патници на тој пат, напиша Рама во објавата на Инстаграм.
Еди Раман најави и отворање на автопатот Елбасан-Ќафасан за неколку месеци.
View this post on Instagram