Дали малите коалициони партнери на СДСМ „лизгаат“ кон ВМРО ДПМНЕ ?!

0
100
Дали е сигурна коалицијата на СДСМ со дел од помалите коалициони партии кои повеќе од една деценија се дел од оваа коалиција ? Според извори на News1 сеуште не е постигнат договор со Стојанче Ангелов и ВМРО НП. Како што дознаваме овие партнери на СДСМ деновиве преку одредени посредници оствариле комуникација со структури на ВМРО ДПМНЕ , а тема на комуницирањето било нивна поддршка на опозицијата.
Во минатата речиси една година Ангелов јавно се конфронтираше со одредени ставови на СДСМ, а се судри и со одредени псотапки на ДУИ околу крстот во Тетово, а Љубчо Георгиевски во неколку јавни настапи ја анализираше неспособноста на СДСМ околу одредени прашања.
СДСМ е во крајно незавидна положба, сите релевантни мерења покажуваат најмалку двојна предност на ВМРО ДПМНЕ, што би значело и катастрофален пораз на изборите,а во партијата не е решено коалиционото прашање, поточно делбата на пратеничките места.
Од друга страна низ кулоарите во СДСМ сеуште не е сигурно дали ќе се оди во коалиција со ДУИ и колкав пратенички колач ќе мора да даде СДСМ на ДУИ за да ја добие оваа коалиција ?
извор: News1.mk