Активни 8 пожари на територијата на Македонија

0
41
Во текот на денешниот ден понеделник, 02.09.2024 година, до 14:00 часот, има вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои активни се 8, под контрола е 1 и изгаснати се 6.
АКТИВНИ: 8
1. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци, м.в.Кадиица – с.Оморани, с.Ораов Дол (мешана шума);
2. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален (нискостеблеста вегетација);
3. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик – с.Драгоево, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
4. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
5. Општина Прилеп: с.Радобил (шума);
6. Општина Теарце 1: с.Глоѓи (ѓубриште);
7. Општина Теарце 2: с.Теарце (стрниште);
8. Општина Сопиште: с.Јаболци, м.в.Краста (камион и ниска вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Долнени: Планина Мукос, с.Десово – с.Дреновци (мешана нискостеблеста шума и сува трева).
ИЗГАСНАТИ: 6
1. Општина Липково: с.Никуштак (висока сува трева);
2. Општина Старо Нагоричане: с.Татариновац (висока сува трева);
3. Општина Гостивар: с.Долна Бањица (ѓубре);
4. Општина Врапчиште: м.в.Тумба (сува трева);
5. Општина Прилеп: кај ресторан „Романса“ (сува трева);
6. Општина Битола: с.Острец (папрат и шума).
ЦУК