КОД: Објавена потерница за Шеваљ Муареми и на уште 7 членови на Дуќанџик

0
159

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се пресели во нова зграда, а дали принудно ќе во земјава ќе се пресели и главниот бос на криминалната група Дуќанџик, Шеваљ Муареми. Просториите на обвинителството се нови, а битката е стара, објави Телма.

По месец дена откако беше сузбиена криминалната група, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства ликот на Муареми осамна на сајтот на МВР во потрагите по исчезнати лица. Се бара со меѓународна потерница.

А каде се крие Муареми? Она што веќе го знаеше јавноста го потврди и шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

„ВО КОМУНИКАЦИЈА СМЕ СО ВЛАСТИТЕ ОД ДУБАИ ЗА ШЕВАЉ. ЌЕ СЕ БАРА НЕГОВА ЕКСТРАДИЦИЈА“, РЕЧЕ АБАЗИ.

Муареми, како што пишуваше претходно КОД заминал во Дубаи со целото семејството веднаш по убиството на неговиот другар и исто така водач на групата Јетон Кривањева Жила во Шиша бар во скопската стара чаршија.

Дека Шеваљ е во Дубаи сведочат и неговите објави и фотографии на социјалните мрежи.

До адресата на Министерството за правда не е стигнато се уште барањето за негова екстрадиција, велат оттаму за КОД.

Постапката за екстрадиција од оваа земја од Обединетите Арапски Емирати е иста како сите други постапки за екстрадиција со една единствена разлика. Барањата за екстрадиција се упатуваат преку МНР. Ова не е случај само со Дубаи.

Текстот во целост на: Телма