Кражба и оштетување во џамии во гостиварско

0
167

Два инциденти во џамии во Гостиварско се пријавени во полиција деновиве.

Прво вчера во СВР Тетово е пријавено дека на 2/3 март било влезено во џамијата во гостиварско Неготино и биле направени оштетувања на опремата за осветлување. Увид извршила екипа од гостиварското одделение за внатрешни работи, од каде велат дека се расчистува и документира случајот.

Утрово, пак, 46-годишниот Љ.А. од гостиварско Чегране во СВР Тетово пријавил дека изминатата ноќ (3/4 март) било влезено во џамијата во која работел и биле одземени пари.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

FacebookTwitterCopy Link