Милан, актерот од филмот „Тома„ е во врска со ќерката од режисерот Драган Бјелогрлиќ

0
145

Милан Мариќ актерот кој генијално ја одигра улогата на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“ и Миа Бјелогрлиќ, ќерката на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, се нов славен пар за кој несомнено ќе се пишува и зборува.

Шармантниот актер Милан Мариќ, по кој воздивнуваат многу девојки, и ќерката на Драган, Миа Бјелогрлиќ, се запознале токму на снимањето на филмот „Тома“ во кој Милан ја игра главната улога, а Драган е режисер на истоимениот филм, но почнале да се забавуваат за време на новогодишните празници.

Извор на магазинот „Стори“ наведува дека нивната романса цвета, но дека актерот се исплашил од реакцијата на татко ѝ на Миа, со оглед на тоа што заедно станале добри пријатели и соработници.

Според изворите на магазинот „Стори“, искрите меѓу Миа и Милан се појавиле одамна, но романсата започнала пред нешто помалку од два месеци. Токму тогаш Мариќ целосно ја раскина претходната врска, чие раскинување остави прилично големи последици врз него.

Откако околу Нова година се исели од станот на неговата поранешна девојка Јелена Павловиќ, неговата нова љубов не се најде на листата на приоритети. Сепак, средбата на роденденската прослава на заеднички пријател со младата, убава Миа Бјелогрлиќ, чиј изглед и интелект навистина никого не оставаат рамнодушен, беше судбоносна.

Според пријател на младиот пар, Миа и Милан се доказ дека еднаквоста привлекува многу повеќе отколку спротивностите.

„Тие се познаваат долго време, отсекогаш си се допаѓале. Имаат заеднички круг на пријатели, во иста работа се, имаат слични интереси, речиси исти мислења за исти теми, без разлика дали е тоа активизам за правата на жените, активизам за правата на ЛГБТ, политичко мислење, па дури и музички вкус. Кога двајца споделуваат толку многу, прашање на време беше кога ќе сфатат дека симпатиите треба да се претворат во нешто повеќе. Сите нивни пријатели се воодушевени од овој развој и ние ги поддржуваме“, вели извор за магазинот.

 

zenskimagazin.mk