Експлозија во термоелектрана во Русија, повредени 18 лица

Експлозија се случи во термоцентралата во градот Шагонар во оддалечениот руски регион Тува, а 18 лица се повредени, изјави регионалниот шеф Владислав Ховалиг.

Експлозијата се случила во одделот за снабдување со топлина.

„Експлозијата се случи само на местото на снабдување со гориво со подвижна лента“, според Телеграм.

Надлежните соопштија дека во Шагонар е исклучено парното. На термоцентралата се приклучени 62 станбени згради, а снабдувањето со топлинска енергија треба да продолжи во вечерните часови. Во градот моментално е 16 степени под нулата.

Како што соопштија од регионалното Министерство за вонредни состојби, пожар со силен чад избувнал на ТЕ Шагонар.

telegraf.rs