(ВИДЕО) Пожар на универзитетот во Истанбул, чад над градот

0
175

Пожар избувна на Техничкиот факултет во Истанбул (ITU), јавуваат турските медиуми.

Според извештаите, пожарот избувнал во контејнер каде што работниците престојувале на градилиштето на кампусот Маслак на Техничкиот универзитет во Истанбул.

Откако работниците го забележале пожарот и ги известиле надлежните, на местото на настанот пристигнале голем број пожарникари и медицинска екипа.

telegraf.rs