Оштетувањето на подводните кабли на Црвеното Море може да предизвика големи прекини на интернетот ширум светот, што се случува?

0
224

Хутите го држат светскиот интернет и поморските кабли за гуша
Авторитативно и со факти
Борбени пливачи на Хутите со помош на подводни специјални дронови го прекинаа подморскиот кабел ТАТА-Голф. Станува збор за подморски кабел долг 4.031 км што ги поврзува Оман, ОАЕ, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија. TATA Gulf се поврзува со каблите TATA-EA во близина на Оман, понатаму формирајќи врска со Бомбај и Европа. Строго кажано, ова е удар не толку против меѓународната заедница и Западот колку против земјите од анти-Хути коалицијата, кои водат долготрајна војна со Јемен, почнувајќи од 2014 година, напиша на својот ФБ профил Дарко Тодоровски.

Во објавата Тодоровски додава:

Денес Јемен контролира 30% од глобалните интернет комуникации. Тенките поморски кабли се генерално ранливи на целни напади во конфликтните зони како што е Црвеното Море. Поправката и обновувањето на подморските кабли е сложен и одзема многу време, и многу пари.

Оштетувањето на подводните кабли на Црвеното Море може да предизвика големи прекини на интернетот ширум светот, што ќе влијае на сè, на бизнисот и трговијата, на индивидуален пристап до Интернет до облак услуги и други активности.
Во овој контекст, јеменската насилна контрола на морскиот влез – излез од Црвеното Море значи дека Хутите го држат грлото на сите западни „технолошки гиганти“, како и светскиот интернет под своја контрола.

извор: ФБ Дарко Тодоровски