Викендов стабилни време од понеделник повторно нови обилни врнежи

Веќе од викендов (кој иако стабилен и претежно сув), сепак нов длабок циклон кој од Атлантикот ќе навлезе во западна Европа, ќе предизвика засилување на јужниот ветер кај нас, а исто така од југ ќе дојде до продор на топол воздух и позначителен пораст на температурите, од понеделник нови врнежи, грмежи и услови за нови поинтензивни Атмосферски процеси!

Затоа почитувани наши, искористете ги максимално деновите до недела, поради тоа што барем според моменталните следења, следната седмица ќе биде многу нестабилна  и со повеќе врнежи, стои во новата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.