Антониа и Роберт направија свадба на која присуствуваа најблиските роднини и пријатели

Една година откако ненадејно откри дека е бремена и оти се свршила со партнерот Роберт Спасенцовски, Антониа Гиговска направи свадба на која присуствуваа нејзините најблиски, роднините и пријателите.

Нашата популарна пејачка Антониа Гиговска денес (10.03) прави свадба и стапи во брак со нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски.

Откако пред повеќе од една година Антониа Гиговска откри дека е бремена и дека нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски – Џокер ја запросил, парот одлучи да направи свадба на која  присуствуваат нивните најблиски, роднините и пријателите.

Иако парот се потруди вестите за свадбата да останат во најголема тајност, сепак на социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од кои може да се види како тече свадбената церемонија.

Роберт, според традиционалните обичаи прво заминал во домот на невестата, а по стапувањето во брак во црква, се планира забава за гостите во познат скопски ресторан.

Антониа, се труди за целиот настан да не објавува фотографии и видеа, но нејзиниот стилист Даниел Николовски се пофали дека тој бил задолжен за фризурата и стајлингот, а на Инстаграм веќе се достапни неколку фотки од Антониа во венчаница.

crnobelo.mk