Украина ги започна подготовките за Евросонг 2023

Украина ги почнува подготовките за домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот Телграм-канал.

„На светот му ја покажуваме нашата отвореност, гостопримливост и способност да спроведуваме проекти од големи размери. Главното прашање за нас и за европската радиодифузна унија е безбедноста“, рече тој.

„Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток со цел да се обезбеди соодветна логистика и најважно, безбедност“, објасни Тимошенко.

Се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот, но во моментов не може да открие за кои локации станува збор.

макфакс