Во Србија нападната екипа на Бугарската национална телевизија

Екипата на истражувачката емисија “Трагите остануваат“ на Бугарската национална телевизија денекла била нападната во Босилеград, во Србија, при фотографирање на загадувањето на животната средина во пограничните региони со Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија, додавајќи дека нападот се случил пред рудникот „Подвирове“, во селото Караманица, Босилеградско.

Екипата на медиумот била уредно акредитирана во српското Министерство за култура и информации за снимање на загадувањето на животната средина во областа. Приближувајќи се кон рудникот на државниот пат, на околу 50 метри од влезот во рудникот, екипата биле запрени од попречно паркирано комбе на коловозот. Телевизиската екипа и активисти за заштита на животната средина излегле од своите автомобили и пешки дошле до влезот на рудникот. Во тој момент биле каменувани од четири лица: директорот на „Босил метал“, Миодраг Вукајловиќ, шефот на обезбедувањето на рудникот и работници.

На местото на инцидентот веднаш од Ниш пристигнал Генералниот конзул на Бугарија Димитар Цанев.

-По овој инцидент пред Амбасадата на Србија во Бугарија ќе имаат протест од активистите за заштита на животната средина, а се очекува и бугарското Министерство за надворешни работи да испрати протестна нота поради нападот врз нивните граѓани, кои имале уредни документи за извршување на нивните службени должности како јавен тим на БНТ и Европската комисија, соопшти продуцентката на емисијата на БНТ Богдана Лазарова.

извор: МИА

фото: република