Повредена е жена во сообраќајка на патот Ресен-Битола

0
251

На 21.10.2022 во 10.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Ресен-Битола, после место викано „Чешмите“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) од Битола. Во несреќата Х.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

извор: МВР