Приведен косовски државјанин со живеалиште во САД кој на црно се обидел да премине од Албанија во Македонија

0
207

На 21.10.2022 во близина на граничната линија со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода Б.Р.(63) од Косово, со живеалиште во САД. Околу 16.00 часот, полициски службеници го забележале лицето како со патничко возило „доџ“, со американски национални ознаки, се обидува да ја премине државната граница. Откако ги видел полициските службеници се обидел да побегне, но бил пронајден и лишен од слобода. При проверките било констатирано дека табличките на возилото кое го управувал биле со изминат рок на важност. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: МВР