Нема најави за поголемо заладување на времето, за месец Март

И покрај променливото време кое го имаме, со повремени и обилни врнежи од дожд, сепак барем според моменталните анализи со кој располагаме и тоа со помош на најпрецизниот прогностички модел (ECMWF) Европски центар за среднорочна прогноза, се до крајот на овој месец не очекуваме некое поголемо заладување на времето, што значи дека земјоделците и овоштарите не треба да стравуваат од можната појава на утрински мразеви, поради тоа што овошките се веќе во фаза на цутење, и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија.
Што се однесува до температурите, тие не би се менуваме многу во однос на овие кои ги имаме сега, тие би се искачувале речиси насекаде над 10 степени, понекаде и до околу 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурата локално ќе се искачи и до околу 20 степени.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето, промени во истата се можни. Затоа граѓаните да ги следат нашите секојдневни и краткорочни анализи на времето, кои се со можност за остварување од над 90%, пишува во најновата метео објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.