Сузана Турунџиева го прослави 55. роденден со ќерките и вкунот

„Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе кои го прават убав мојот живот и не ми дозволуваат да ги бројам годините, туку на моите години им (до)даваат живот, смисла, убавина“, напиша водителката и објави фотографии од роденденската прослава.

Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева на 9 март наполни 55 години. Таа роденденот го прослави во локал со двете ќерки, Лора и Матеа и неколку пријателки.

„Љубовта е единственото нешто кое се множи кога се дели. Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе кои го прават убав мојот живот и не ми дозволуваат да ги бројам годините, туку на моите години им (до)даваат живот, смисла, убавина“, напиша Турунџиева на Фејсбук.
Таа објави и фотографија од дома, со роденденската торта.

На домашната прослава со Сузана и нејзините две ќерки, е и внукот Јаков, кој е дете на Лора и нејзиниот сопруг Филип.

Сузана роденденот го прослави и со нејзините блиски пријателки, па во галеријата фотографии покажа како си поминале на прославата.

Од нив доби неколку подароци инспирирани од Фрида Кало, но и торта со ликот од славната сликарка.

„Многу музика и песни со твоите драги Фриди“, ѝ посакаа тие.

 

crnobelo.mk