Бајден и Трамп ги обезбедија претседателските номинации

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп во вторникот официјално ги обезбедија претседателските номинации на Демократската и Републиканската партија, по одлучувачките победи во Џорџија, Мисисипи и државата Вашингтон, додека трката за Белата куќа влегува во нова фаза.

На партиските избори, Бајден освои повеќе од 1.968 делегати потребни за формално да ја обезбеди демократската претседателска номинација, додека Трамп освои најмалку 1.215 потребни за номинација на републиканците. Кандидатурата на Бајден ќе биде официјализирана на партиската конвенција во Чикаго во август, а на Трамп на конвенцијата во Милвоки еден месец претходно.

Да потсетиме дека според американскиот изборен процес, делегатите се доделуваат на кандидати врз основа на резултатите од партиските избори во одделни држави. За да ја обезбеди номинацијата, кандидатот мора да има одреден број делегати кои потоа формално се изјаснуваат на партиските конвенции.

„Соочени сме со отрезнувачка реалност. Слободата и демократијата се загрозени овде во Америка како никогаш досега од Граѓанската војна. Доналд Трамп води кампања на незадоволство и одмазда што ја загрозува самата идеја за Америка… Верувам Американците ќе изберат да продолжат да се движат во иднината“, рече Бајден во изјавата по обезбедувањето на номинацијата.

 

 

telegraf.rs