„Денес ќе наполнеше 117 години“ Игор Џамбазов со емоции кон својот дедо Петре Прличков

Со емоции и тага Игор Џамбазов го спомнува својот легендарен дедо Петре Прличков кој на денешен ден би гопрославил 117. роденден. По тој повод Игро на својот фејсбук профил напиша:
Денес ќе наполнеше 117 години.
И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот. Малку повеќе го сакаше филмот.
А најмногу театарот. Јас му бев на солидното шесто место. Но научив од него работи кои ги нема во книгите, скриптите и енциклопедиите. Научив како се сака оваа наша професија.
Мојот славен дедо 5-ре.
Неговата среќна ѕвезда се уште ме заштитува. Исто како и на оваа црно-бела фотка од “Волшебниото самарче”…
-напиша Игор во својата објава, по повод роденденот на својот дедо.
фото ФБ