Општина Охрид домаќин на работна средба со младински организации од Франција

Денеска во просториите на општина Охрид се одржа работна средба меѓу представници од коалицијата “Сега“ која го раководи Младинскиот Центар-Охрид и представници од организациите: “Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од  Шербоург и Mussigue Ehperience од Дусе, Франција, кои заеднички го реализираат проектот “ For open minded youth workers“

Во рамки на овој проект во периодот од  8 до 14 март двете организации од Франција се во студиска посета на нашава држава, а целта е да се истражи младинската работа, да се разменат искуства и да се осознаат начините на кои локалните влсти ги поддржуваат младите.

Општина Охрид, денеска беше домаќин на средбата со двете невладини организации од Франција, и на истата представниците беа запознаени со поддршката и начинот на кој малдите во Охрид добиваат  подршка од општината.

општина Охрид