Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ денеска ја одбележа 43-годишнината од формирањето.
Од ТВ21 реагираат што текот на овие 43 години таму не бил вработен ниту еден Албанец, па го прашале и техничкиот премиер Талат Џафери кога ќе се вработат.
Ќе ве упатам до Министерството поради тоа што тоа е надлежност на ресорното министерство. Не е надлежност на Владата за да кажам кога ќе се вработат или не. Тоа е прашање на министерството, кога ќе имате можност поставете го тоа прашање, одговорил тој.
На истото прашање дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, рекол дека при вработување во оваа единица, при селекција не се зема предвид етничката припадност, туку преку интерен конкурс и има специјална селекција.
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски пред една година изјави дека на последниот интерен конкурс за вработување во оваа единица имало само еден кандидат Албанец, но тој не поминал бидејќи не знаел да плива.