(ФОТО) Малечката Срна си заминува дома со родителите

Малата Срна за која цела Македонија се мобилизираше за да помогне за нејзиното лекување, конечно си заминува дома.
„Др Ристо Симеонов немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина.

 

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…“ напиша мајката на фејсбук.