Поранешниот чешки претседател Милош Земан (79) е во тешка, но стабилна состојба, еден ден откако беше опериран поради згрутчување на крвта во ногата, соопштија здравствените власти.
Универзитетската болница Мотол во Прага соопшти дека Милош Земан имал недоволен проток на крв во едната нога поради згрутчување на крвта. За време на операцијата, нормалниот проток на крв е вратен во ногата, но се уште не е познато колку време Земан би можел да остане во болница.
Земан боледува од дијабетес и невропатија поради што неколку пати беше хоспитализиран. Тој има проблем со одењето, поради што користи инвалидска количка.
Вториот и последен претседателски мандат на Земан заврши во март минатата година.