Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за прв пат седна во автомобилот што му го подари рускиот претседател Владимир Путин во февруари, откри денеска сестрата на Ким, велејќи дека автомобилот има „специјални функции“.
Путин му испрати на Ким лимузина Аурус Сенат, која му ја покажа кога севернокорејскиот лидер беше на самит во Русија во септември минатата година.
„Специјалната функција на овој автомобил е совршена и може целосно да и се верува“, рече Ким Јо Јонг, без да образложи за што се работи, пренесе АП.
Таа додаде дека подарокот од рускиот претседател е јасен доказ за пријателството меѓу двете земји, кое, како што рече, „се развива на сеопфатен начин, на високо ниво“.
Според руските државни медиуми, „Аурус“ е првиот луксузен автомобил во Русија, кој првпат го користел Путин за време на неговата инаугурација во 2018 година, а потоа го возел други високи функционери.
Севернокорејските државни медиуми денеска објавија дека Ким ја надгледувал својата војска за време на падобранска вежба, најновата во серијата вежби што Ким ги гледал во последните денови.
Војските на Јужна Кореја и САД во четвртокот ги завршија 11-дневните вежби.
telegraf.rs