Русија избра претседател по три дена од изборите. Досегашните резултати покажуваат дека Владимир Путин е убедлив победник на изборите и дека освоил речиси 90 отсто од гласовите.
Покрај Путин, на изборите учествуваа и претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки, кандидатот на Комунистичката партија Николај Харитонов и кандидатот на партијата „Нови луѓе“ Владислав Даванков.
За потсетување, тридневното гласање беше прекинато поради нападите на украинските сили и упадите на антипутинските групи на руска територија, а рано утринава беспилотно летало удри во рафинерија во Славјанск и предизвика пожар. Две лица загинаа во напад со дрон на Белгород во саботата.
Во текот на денот мирни протести беа забележани и на избирачките места низ Русија, а полицијата приведе повеќе од 70 лица.
Денеска напладне во Москва беше организиран протестен митинг наречен „Пладне против Путин“, чија цел е да се мобилизираат опозиционо настроените гласачи да гласаат во што поголем број на третиот ден од претседателските избори во Русија.
telegraf.rs