(ВИДЕО) Ѓоковиќ се јави од забавата на плажа и им испрати порака на колегите пред Мајами

Иако набргу по поразот на Мастерсот во Индијан Велс најави дека нема да дојде во Мајами, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се уште е во САД.

Ноле моментално престојува во Мајами каде има стан, а неколку дена пред почетокот на турнирот им се обрати на сите учесници. И тоа од забава организирана од неговиот спонзор „Лакост“.

– Овде сум во Мајами на многу убава забава на Лакост на плажа, пред почетокот на турнирот во Мајами 2024. Се надевам дека ќе дојдете и ќе уживате во турнирот, имајте одлична недела и се надевам дека ќе се видиме наскоро на теренот – рече Ноле.

telegraf.rs