По разделбата со Северина, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ стапи во брак со 28 години помладата Бојана, со која во моментов го очекува 4-тото дете. Како изгледа девојката со која српскиот крал на бакарот ја замени атрактивната хрватска пејачка?
Српскиот крал на бакарот Милан Поповиќ (55) во изминатиот период постојано е во фокусот на јавноста заради судските битки што ги водат со хрватската пејачка Северина (50) за старателството над синот Александар.
Северина и Милан се разделија уште во 2012-та година, но нивната судска битка трае веќе цела деценија. Малкумина знаат дека Милан и Северина, иако имаат заедничко дете – синот Александар (10), никогаш не стапија во брак.
По разделбата со Северина, Милан стапи во брак со 28 години помладата од него Бојана, за која се знае многу малку, освен тоа дека тие заедно имаат два сина, Милан и Ѓорѓе, а според пишувањата во српските медиуми, парот наскоро ќе добие и ќерка.
Инаку, Бојана не сака премногу да се експонира во јавноста и од неа речиси и да нема фотографии. Во едно гостување, Милан за Бојана имаше само пофални зборови, па рече:
„Со неа нема кавги и превирања, дури ниту сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат мошне каприциозни. Таа е мила, прекрасна мајка и тоа ми е многу важно“- рече тој.
crnobelo.mk