Во Кумановско нападнати и ограбени Сиријци

Петмина Сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на село Четирце.

Еден од нив пријавил дека околу 18.00 часот во село Четирце, кумановско, тој и уште четири други лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од неколку машки лица кои им одзеле пари и други предмети.

Од СВР Куманово соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МВР