Две знамиња едното на УЧК а второто на Република Албанија попладнево биле поставени на тетовското Кале, дознава 24инфо.мк.
Знамето на Албанија било ставено врз крстот од црквата „Св. Атанасиј“ а знамето на УЧК било поставено на бандера на влез во Калето.
Од МВР потврдуваат дека ваков настан бил пријавен во СВР Тетово, попладнево по 17.00 часот.
извор: 24инфо.мк.