Од денес, па во следните неколку денови во Македонија ќе следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денешниот ден Долж Повардарието сеуште ќе засилува ветерот од северен правец.
Температурите преку ден повторно ќе бележат тенденција на пораст, и ќе бидат пролетно високи, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Сепак уште утре наутро на повеќе места повторно се очекува појава на слаб до умерен мраз, како и температури за неколку степени под нулата, додека потоа и утринските температури ќе бележат тенденција на пораст, пишува во најновата метео објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.