Инугаративната седница за новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ќе се случи в недела.
Седницата ќе биде во 12 часот
Најпрво ќе се чека Извештајот од ДИК со кој и официјално ќе се прогласи Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.
„Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот. Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.05 (недела) во 12 часот“, стои во прес-службата на Собранието.