Страшни слики од Москва ден по терористичкиот напад: Остана само пепелта од зградата на „Crocus City Hall“

0
87

Во Москва вчера се случи страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 60 лица, а повеќе од 100 се ранети, а меѓу загинатите има и три деца. Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде Исламската држава (ИСИС).

Да потсетиме, нападот се случи во 18:00 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднаа во „Crocus City Hall“. Напаѓачите отвориле оган врз присутните цивили, а потоа фрлиле бомба која предизвикала голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.

Набрзо започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.

Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство за нападот.

Од утрово пристигнуваат страшни слики од Москва: луѓето палат свеќи до местото на злосторството, а некогаш прекрасното „Crocus City Hall“ сега е само руина и градилиште.

 

telegraf.rs