Терористички напад во Москва: Над 60 загинати, три деца убиени, ИСИС ја презеде одговорноста, следуваат осуди

0
50

Руската престолнина вчера беше погодена од страшен терористички напад, во кој загинаа најмалку 60 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца.

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС).

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“, каде во тој момент, меѓу другото, се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.

Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.

Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.

 

telegraf.rs