Доаѓаат летни температури престојниов период и до 28 степени Целзиусови

До четврток времето во Македонија ќе се задржи многу променливо со чести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со повремено засилен ветер од јужен правец. Локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Значи за време на викендот не очекуваат рано – летни температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а времето ќе биде значително постабилно и релативно суво, со многу повеќе сончеви периоди.

Се на се, за време на викендот слободно граѓаните ќе можат да се шетаат по кратки ракави.

Во регионот пак температурите локално ќе надминуваат и 30 степени, пишува во најновата информација метеопрогнозерот Славчо Попоски.