Македонката, со охридско потекло – Барбара Поповиќ е во најдобрите 100 пејачи во Европа за 2024 год

Македонката, со охридско потекло – Барбара Поповиќ е во најдобрите 100 пејачи во Европа за 2024 год. Ова е официјална објава на IDJ Продукција со која Барбара има потпишано 5 годишен договор.

Барбара Поповиќ, 23 год. е дипломиран оперски пеач, но својата кариера за продолжи во светот на Поп музиката и од неодмна во финалето на нај престизното шоу IDJ во Белград од 300 учесници го завзеде второто место. Барбара со истата таа продукциска куќа на IDJ во Белград има потпишано договор на 5 год и неуморно настапува не само во Македонија туку и во Србија. Нејзината најнова песна Ватрена која е дело на најпознатиот наш Дарко Димитрив премина повеќе од два и пол милиони прегледи на YOUTUBE, а во моментов работи на нови две песни кои што ќе бидат објавени за брзо со видео запис. Барбара има многу песни кои што можат да се видат на YOUTUBE каналот, а најдобра нејзина изведба на IDJ  шоуто беше песната Зајди, зајди….

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IDJVideos (@idjvideos)

Барбара својата музичка кариера ја започнала од 6 години. На возраст од 6 до 10 години учествува на реномираниот детски фестивал Супер Ѕвезда со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и со други песни.На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.

Од шест годишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.

По кратка пауза, се вратила на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив”.

Барбара има добиено повеќе наград и признанија, апсолвент е на соло оперско пеење и има договор со белградската телевизија IDJTV, а соработува и со Дарко Димитров.

Поврзани вести …

(ФОТО) Македонката, со охридско потекло – Барбара Поповиќ ги испеа двете химни на Македонија и Италија

 

(ВИДЕО) Барбара Поповиќ која има охридско потекло не изненади со нова пасна и веќе добива симпатиите од публиката

 

https://ohrid1.com/archives/92300